ЕКИПА ВО Брест,
Катерина Павлова Николовска
Вардар ќе се бори со Загреб за петта титула во СЕХА лигата. Капитенот Столе Стоилов ќе изброи исто така пет регионални успеси ако тимот што го предводи забележи, нова победа против хрватскиот првак, денеска во финалето на Ф4 турнирот во Брест. Стоилов сепак предупредува дека и покрај успесите против Загреб сезонава, финалето воопшто нема да биде лесно.
„Воопшто нема да биде лесно. Тој резултат во Загреб од првиот осминафинален дуел не изненади и нас. Толку висока победа. Ова ќе биде сосема поинаку. Се може да се случи. Еден натпревар, на неутрален терен. Тие играат исто како нас, брз, груб ракомет. Се надевам дека ќе имаме мотивација и сила да ја одбраниме тиулата. Мотивација секогаш има“ – вели Стоилов.
Стоилов заедно со Игор Карачиќ се единствените двајца кои се во составот на Вардар, а кои биле и во првото одиграно финале во СЕХА во 2012 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА