СТРАШНО: Хорор-повреда на Дисингер!

Огромен малер му се случи на Вардар во самиот финиш од првото полувреме против Загреб откако Кристијан Дисингер се здоби со хорор-повреда – скршеница на левата рака.

„Црвено-црните“ го имаа последниот напад и германскиот бек реши да шутира, но беше турнат од Поточник, по што имаше страшно приземјување, кршејќи ја левата рака. Реакцијата на сите ракометари во близина веднаш даде до знаење дека станува збор за нешто многу сериозно, па на екс-ракометарот на Кил десетина минути на теренот му се укажуваше лекарска помош пред да биде изнесен.

Дисингер важи за еден од најмалерозните ракометари кога станува збор за повредите, тренд што за жал се потврди и на овој фајналфор турнир. Нема дилеми, Германецот е загубен до крајот на оваа сезона, токму пред клучните битки во Лигата на шампионите.

Се вчитува...