Криштопанс брзаше за авион, па не ја зеде МВП-наградата

Сосема очекувано, Вардар доминираше и во идеалниот тим на овој фајналфор турнир, во кој се најдоа дури четири ракометари на македонскиот првак. Даинис Криштопанс беше избран за МВП и за најдобар десен бек, но „џинот“ на „вардарци“ не беше присутен на церемонијата бидејќи заедно со Тимур Дибиров (избран за најдобро лево крило) ја напуштиле салата за да стигнат на лет и порано да се приклучат на своите репрезентации.

Покрај нив двајца, во дрим-тимот се најдоа и Стојанче Стоилов и Дејан Милосављев, кои лично ги примија признанијата, а идеалниот тим на СЕХА-лигата го комплетираа левиот бек на Загреб, Дамир Бичаниќ, десното крило на вицешампионот, Златко Хорват, како и Сандро Обрановиќ, средниот бек на Брест Мешков.

Се вчитува...