ЕКИПА во Брест,
Катерина Павлова Николовска
Третата последовна титула во СЕХА лигата не ја предизвика очекуваната еуфорија во тимот на старо-новиот шампион, Вардар поради тешката повреда на Кристијан Дисингер. Најдобриот голман на Ф4 турнирот во Брест, Дејан Милосавњев како и сите останави од Вардар вели дека нема простор за премногу радост.
„Сакам да и честитам на екипата за големата борба и во полуфиналето и во финалето. Искрено сум тажен и целата е екипа не и се радува толку на победата бидејќи еден од нас се повореди. Затоа и така излеговме на прославата бидејќи не знаеме што е со него. Но, покажавме карактер и во двата натпревара. Потврдивме дека имаме квалитет и се надевам дека тоа ќе го покажме и во четвртфиналето во Лигата на шампоните“ – вели голманот кому ова му е прва титула со Вардар.
Милосавњев беше одлчен во полуфиналната победа против Брест, а имаше одлично вотро полувреме во финалниот тирумф над Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА