Ден за дружба со Лазаров, Стоилов, Ристовски…

Ракометните фанови во текот на утрешниот ден ќе имаат можност за дружба со своите миленици во центарот на Скопје. Ребека накит, новиот партнер на македонскиот ракомет ги поканува љубителите на убаво парче накит и фановите на ракометот на заедничко дружење!

Утре од 14:30-16:00 часот во продажниот салон на RebeccaMacedonia во ТЦ Рамстор Скопје ќе гостуваат нашите ракометни ведети: Кире, Столе, Деки, Филип К, Филип Т, Борко..

Посетителите ќе имаат можност да се запознааат, фотографираат и/или да добијат автограми од нашите ракометари како и да дознаат повеќе за нивните модни вкусови: Дали преферираат трендовски и впечатливи или елегантни и минималистички парчиња кај дамите? Каков им е стилот вон ракометниот терен?

Повеќе информации за настанот можете да најдете на профилите на Ребека Македонија на социјалните мрежи, инстаграм @rebecca_macedonia и ФБ @Rebecca Macedonia.

Ве покануваме да уживате во спој на модата и спортот, Италијанскиот шарм и македонската упорност и заеднички да им посакаме на нашите херои уште една нова победа во недела!!

Комерцијален текст

Се вчитува...