Управниот одбор на РФМ, на предлог на селекторот Данило Брестовац, ги верификуваше и селекторите на младинските репрезентации.
Според изборот на РФМ, селектори на генерацијата 2002 и помлади во иднина ќе бидат Никола Матлиески и Благојче Весиќ, додека генерацијата 2004 и помлади ќе ја водат Раде Стојановиќ и Кире Атанасовски.
Данило Брестовац и натаму останува и во улогата на координатор на активностите на предложените селекторски двојки во младинските селекции.
Сашо Србиноски, пак, е промовиран во селектор на репрезентациите во ракомет на плажа. Наум Танески и Тања Андрејева ќе бидат негови помошници.
Македонија ќе има два тима и во машка и во женска конуренција на Европското првенство кое летово ќе се одржи во Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА