Ракометарите на Нант во клучниот дел од сезоната влегуваат во сериозна криза. Францускиот прволигаш, за кој настапува и Кире Лазаров, по елиминацијата од Барселона во ЛШ влезе во „црна серија“ и во домашното првенство, губејќи го вториот натпревар во низа на домашен терен, овојпат од составот на Аикс со минимални 28-29.
Се уште во шок по последниот неуспех против Ним, Лазаров и соиграчите одиграа под своите можности и претрпеа нов пораз, со кој го загубија и второто место на табелата.
Македонскиот капитен го заврши натпреварот со четири гола, еден помаку од најдобриот стрелец Нјокас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА