Георгиевски со перфектна реализација до европски трофеј со ЧСМ

Гоце Георгиевски стигна до европски трофеј откако со тимот на ЧСМ Букурешт се закити со титулата во Челинџ-купот.

Македонскиот крилен ракометар со својата екипа славеше на денешниот реванш против Мадеира со 26-20, надополнувајќи ја негативата од еден гол од првиот меч во Португалија и заслужено стигна до трофејот. Целата работа Георгиевски и соиграчите ја завршија во првото полувреме, кога поведоа со 16-9, по што во вториот дел ја одржаа предноста се до конечните „плус шест“ за големо славје во Букурешт.

Македонецот го заврши натпреварот со четири гола од исто толку обиди и беше меѓу најзабележителните во таборот на ЧСМ Букурешт, заедно со најдобрите стрелци Естеки и Ротару (по шест погодоци).

Се вчитува...