Дејан Манасков во втората сезона мината во дресот на Веспрем успеа да се закити и со првиот посериозен трофеј, кревајќи ја шампионската титула во унгарскиот шампионат по вечерашното реми од 27-27 на гостувањето против Пик Сегед. За разлика од минатата година, кога на последната пречка потклекнаа пред истиот противник, овојпат ракометарите на Веспрем покажаа повеќе од големиот ривал и заслужено се вратија на тронот на унгарскиот ракомет.
Во финалниот двомеч против Пик Сегед пресуден беше првиот натпревар, што Веспрем на домашен терен го доби со убедливи 35-24. Свесни дека имаат удобна предност, Манасков и соиграчите денеска не им дозволија на противниците ниту на момент да се понадеваат на чудесен камбек, па тесниот реванш на крајот заврши без победник, со израмнети 27-27.
Следен предизвик за унгарскиот гигант е фајналфор турнирот од ЛШ што следниот викенд ќе се игра во Келн, каде Манасков и соиграчите во полуфиналето ќе се сретнат со Кјелце.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА