Работнички не успеа да избори пласман на европска сцена за следната сезона, раководството им одреди парични казни на фудбалерите, а ќе има и многу заминувања од клубот од Дебар Маало. Засега се познати имиња на четири фудбалери кои заминуваат од клубот.
„На дефанзивецот Владимир Димитровски му истече договорот и тој си заминува од редовите на Работнички. Исто така спогодбено се раскинати договорите и со голманот Даниел Божиновски, Бојан Ѓоргиевски и со Давит Манојан“, информира Работнички преку официјалниот сајт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА