Марјан Илиевски со право беше разочаран од слабата игра на Блокотехна и убедливиот пораз на вечерашниот меч со Работнички. Сепак, стратегот на Блоко останува опимист дека неговиот тим ќе слави на неделниот втор меч на домашен терен и ќе се избори за мајсторка во оваа полуфинална серија.
„Пред мечот се очекуваше Работнички да се соочи со притисок, а ние да го искористиме тоа… такво нешто не се случи. Практично ни се случи да повторуваме некои работи од првиот меч што го загубивме во Скопје. Оние ситуации во кои можеше Работнички ги искористи да не казни, а ние не го сторивме истото кога ни се укажа шанса на спротивната страна. Верувам дека на следниот натпревар на домашен терен ќе играме многу подобро, според мене ова е одлична серија и двете екипи заслужуваат да се игра мајсторка и во тој последен натпревар да се реши финалистот“ – истакна Илиевски.
Блокотехна нема пораз на домашен терен од Работнички сезонава, но овојпат притисокот ќе биде уште поголем, бидејќи неуспех в недела ќе значи и крај на сезоната за амбициозниот клуб од Гевгелија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА