Ѓорѓевиќ го објави поширокиот список – Србија е подготвена да го нападне тронот на Мундобаскетот

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ го објави поширокиот список од 32 кошаркари за Мундобаскетот во Кина на кој нема поголеми изненадувања.

На списокот на српската репрезентација се наоѓаат НБА ѕвездите Никола Јокиќ, Богдан Богдановиќ, Немања Бјелица и Бобан Марјановиќ, а на него се наоѓаат и Милош Теодосиќ, Никола Калиниќ и Василије Мициќ.

Првиот собир репрезентативците ќе го имаат на 18. јули во Белград, а за Кина заминуваат на 20. август. Србија на Мундобаскетот кој почнува на 31. август е во група со Италија, Филипини и Ангола.

 

Се вчитува...