„Животот и кошарката се различни работи“- Како личната трагедија го направи Ленард имун на притисоци

Лидерот на Торонто, Каваи Ленард се наоаѓа пред клучниот натпревар со неговиот тим кој води со 3-2 во финалната серија од НБА плеј-офот и може да дојде до историска прва титула. Сепак 27-годишникот вели дека премногу тешки работи му се случиле во животот надвор од кошарката што тој едноставно не дозволува емоциите да му ја загрозат можноста да направи историја.

Во 2008 година, кога Каваи имал 16 години доживела голем удар бидејќи неговиот татко бил убиен во дуќаност што го поседувал. Убиството останува нерасветлено, убиецот не е пронајден.

„Кога се случи, многу размислував за тоа, кога станав повозрасен едноставно престанав. Но, случката ме научи дека животот и кошарката се две различни раобти и дека треба едноставно да уживам во добрите моменти. Ова е кошарка, треба да се излезе на теренот и да биде забавно. Периодот на играње кошарка ќе бидат најдобрите години во мојот живот“ – изјави Ленард на прес конференцијата пред шестиот натпревар од серијата со Голден Стејт.

Натпреварот во „Оракал Арена“ во Оукленд ќе биде втората можност за Ленард и Торонто да ја освојат титулата, тие со 3-1 влегоа во петтиот натпревар на домашен терен, но Голден Стејт тогаш се одбрани.

Се вчитува...