Македонија има можност да се закити со европска шампионска титула на Европското кадетско првенство во борење кое се одржува во Фиренца, Италија, откако членот на Лирија, Бесир Алили, во категоријата до 48 килограми успеа да се пласира во финалето.
Во полуфиналната пресметка, Алили забележа победа од 6-2 над грузискиот репрезентативец обезбедувајќи битка за европска титула.
Претходно, македонскиот борач славеше убедливо со 10-0, или технички туш, против репрезентативец на Полска, а со 12-10 славеше и против молдавскиот борач Корошану.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА