Шкупи го промовираше и осмото засилување за следната сезона. Чаирчани се засилија со 21-годишниот фудбалер од средниот ред, Сабит Билали кој пристигна од редовите на Македонија ЃП.
„Чест ми е што сум во клуб со таква традиција како Шкупи. Ќе направам се да помогнам тимот во новата сезона да ги оствари своите цели“ – изјави Билали по промоцијата во новиот дрес, потпишувајќи едногодишен договор.
Билали во својата кариера има настапувано и за Ренова, Шкендија, Гостивар а беше кратко и во Динамо Загреб.
Шкупи претходно ги ангажираше и Сенегалците Абубакрин Сал, Оумар Гуибади и Ламине Диак, Босанецот Марин Јурина, Бојан Ѓорѓиевски, Дарко Илиески, Мевљан Адили.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА