Халеп: Ментално сум посилна, можам да ја победам Серена

Најдобрата романска тенисерка, Симона Халеп верува дека во финалето на Вимблдон може достојно да и се спротистави на Серена Вилијамс, велејќи дека во моменто е ментално далеку посилна од пред неколку години.

„Серена и јас сме се среќавале многу пати и голем дел од тие мечеви завршувале неизвесно. Од нив научив дека имам шанса и морам да ја искористам. Чувстувам дека сум ментално посилна против нејзе отколку претходно. Ќе видиме што ќе се случи, но сигурна сум дека тоа ќе биде голем предизвик за мене“, вели Халеп. 

Финалето во женска конкуренција на неофицијалното Светско првенство во тенис е закажано за денеска во 15 часот.

Се вчитува...