Конор Мекгрегор објави крај: Готов сум, ама нема да ми верувате…

Ирската ММА ѕвезда, Конор МекГрегор повторно предизвика лавина реакции на социјалните мрежи со објавата за дефинитивна пензија.

„Би кажал дека сум готов, но нема да ми верувате“ – интересно и не докрај јасно објави Мекгрегор кој и претходно во два наврати објави дека се повлекува од ММА светот.

 

Но, и покрај тоа секогаш повторно се враќаше. Неодамна истакна дека сака да се врати на врвот. Последниот меч за Конор бепе во октомври минатата година кога во спектаклот во САД загуби од Хабиб Нурмагомедов.

Се вчитува...