Весли Снајдер објави дека ја завршува својата фантастична кариера, по што холандскиот генијалец доби бројни пораки од фудбалски асови, со честитки за сето она што го постигна во изминатите години.
Една од нив пристигна и од Горан Пандев, кој настапуваше заедно со Снајдер во Интер, остварувајќи го заедно најголемиот успех во кариерите, освоената титула во Лигата на шампионите.
„Ми беше чест да играм и да победувам со тебе, мој пријателе“ – напиша Пандев крај заедничката фотографија со Снајдер.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА