Македонската репрезентација ги стартуваше подготовките за баражот за СП 2027 и двете средби што нашите најдобри ракометари во следните денови ќе ги одиграат против Словачка (четврток првиот меч во Прешов, в недела е реваншот во Скопје).
Филип Кузмановски како капитен и клучен играч ќе биде од огромна важност за „црвено-жолтите“ и на овие натпревари, на кои одличниот бек верува дека ќе стигнеме до посакуваниот резултат и пласман на уште едно големо натпреварување.
„Македонија има јасна цел. Имаме краток период да се спремиме и сакаме да извојуваме две победи, да го покажеме тој квалитет што го имаме. Мислам дека заслужуваме оваа генерација да ја однесеме на уште едно големо натпреварување. Ќе го дадеме максимумот на гостински терен и после посакувам пред полна сала Борис Трајковски да го потврдиме пласманот. Очекувам голема поддршка каква што ја имаме на домашен терен секогаш. Мислам дека таа огромна поддршка ја имаме заслужено со нашите резултати и игра и со нетрпение ги чекаме овие натпревари за Македонија за да се пласираме на уште едно големо натпреварување“, истакна Кузмановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
