Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски на најдобар можен начин дебитираше во дресот на својот нов клуб Удинезе.
Во 1. коло од Серија А, Удинезе славеше на домашен терен против Милан со 1-0. Несторовски од клупата го почна натпреварот, за да добие шанса во 70. минута кога влезе на местото на Фофана.

И, по само две минути од неговото влегување, Удинезе преку Бекао во 72. минута го постигна погодокот за триумф против „миланезите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

