Стефан Спировски имаше извонреден камбек на терените по тешката повреда на коленото, откако македонскиот ас на првиот меч по десетмесечна пауза веднаш се запиша во листата на стрелци. И тоа со фантастичен погодок, откако Спировски втрча во празно, па со прекрасен удар од дваесетина метри преку противничкиот голман ја смести топката во мрежата.
Ференцварош го загуби натпреварот со Академија Пушкаш со убедливи 4-1, а единстениот светол момент на актуелниот унгарски првак беше токму ремек-делото на македонскиот репрезентативец.
Stefan Spirovski goal for Ferencvaros ag. Puskas Academy ?⚽ pic.twitter.com/RB8HyGYmyX
— Nikola Gjosevski (@ngjosevski) August 25, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА