Марко Симоновски потпиша за Волунтари

Македонскиот напаѓач Марко Симоновски својата кариера ќе ја продолжи во романскиот прволигаш Волунтари.

Симоновски неодамна ја заврши соработката со Сепси, но се одлучи и натаму да остане во романскиот шампионат сега потпишувајќи за Волунтари.

27-годишниот офанзивец претходно во својата кариера настапуваше за Вардар, Металург, Напредок во македонското првенство.

Се вчитува...