Рафаел Надал продолжува по експресен пат да ги решава ривалите на УС Опен, откако вториот носител без загубен сет стигна до осминафиналето од последниот гранслем турнир за оваа година.
Шпанецот вечерва за ривал го имаше Кореецот Чунг, кој беше совладан по кратка постапка со максимални 3-0 во сетови (6-3, 6-4, 6-2) за помалку од два часа игра (118 минути). Мечот беше израмнет само до 2-2 во првиот сет, по што Надал презеде целосна контрола, рутински стигнуваше до брејк во секој сет и без проблеми се пласираше во следната рунда. За доминацијтата на Надал најдобар доказ е фактот дека Чунг немаше ниту една брејк-шанса во текот на целиот меч.
Шпанскиот ас во следната рунда ќе се сретне со подобриот од мечот Иснер – Чилиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА