Легендарниот шведски ракометар, Штафан Олсон, се нафати за тешката задача да ги научи Американците за тајните на овој спорт. Повеќе од познато е дека во САД ракометот важи за еден од најмалку развиените спортови, но Американците се решија да ја променат стратегијата откако ја добија организацијата за ОИ во 2028 година (Лос Анџелес).
Како домаќини тие ќе имаат автоматско учество во сите тимски спортови, па јасно е дека не сакаат да се посрамотат и со време сакаат да го кренат ракометот од потпросечното ниво на кое се наоѓаат во моментов.
Преговорите со Олсон завршиле успешно и Швеѓанецот, кој е поранешен тренер на ПСЖ, ја прифатил улогата на спортски директор во ракометната федерација. Тој ќе треба да ја реализира подготвената стратегија за развој на ракометот во САД, која меѓу другото ќе значи и зголемување на ракометни екипи во средните училишта и универзитетите, како и едукација на тренерите во европски земји. Неофицијално, во план е и американската репрезентација да стане дел од некоја по пониските француски ракометни лиги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА