Падна договор: Флик на чело на Барса до јуни 2028 година

Навивачите на Барселона синоќа ја прославуваа новата шампионска титула, а денеска веќе имаат нова причина за славје, откако тренерот Ханси Флик ги договори условите за продолжување на соработката со каталонскиот гигант.

Германецот страег стигна до две титули во двете сезони по доаѓањето на „Камп ноу“, импресионирајќи со тактичкото познавање, но пред се со офанзивниот фудбал на кој инсистира, со што го извлече максимумот од огромен дел од играчите на каталонците.

Флик јавно го поддржа Лапорта во претседателската кампања и по победата а првиот човек на клубот стана јасно дека и германскиот стратег ќе остане во Барса. Преговорите неочекуано се одолговлекоа, но денешниот состанок конечно донесе и целосен договор со кој Флик ќе остане шеф на стручниот штаб најмалку до јуни 2028 година, со можност за автоматско продолжување за уште една сезона ако се исполнат одредени услови поврзани со резултатите на Барса во следните две години.

Се вчитува...