Писонеро: Против Нексе шанса ќе добијат сите ракометари

Против Нексе шанса ќе добијат и помалдите играчи и сите кои се на располагање во ротацијата. Ова е пораката од таборот на Вардар во пресерет на мечот со Нексе во СЕХА лигата закажан за утре во „Јане Сандански“. Со оглед на густиот р5аспоред, мора да играат сите, согласни се и тренерот Давид Писонеро и Тимур дибиров.

„Сметам дека не очекува исто така силен натпревар и против тимот на Нексе. За нас победата е најважна и е приоритет. Сакам овој пат за разлика од вчерашниот меч кој беше исцрпувачки да играат повеќе ракометари. На вакви средби и помладите можат да добијат шанса. Сакам да ги пробам и сите пивоти, но и сите ракометари на другите позиции. Се надевам дека сите ќе имаат можност, но тоа ќе зависи од текот на натпреварот и од резултатот. Имаме тежок распоред и треба да играат сите ракометари“ – вели Давид Писонеро, тренерот на Вардар.

Вардар има одличен биланс со пресметките со Нексе, на 12 натпревари има само два пораза, а ги доби сите претходни дуели на домашен терен со хрватскиот тим. Сепак, Дибиров предупредува на специфичноста на ракометот што го игра хрватскиот состав.

„Нашите дуели секогаш биле тешки и со тесен резултат. Играат ракомет кој не им одговара на сите екпи. Ние сме фаворити и мораме да се носиме со таа улога. Очекувам да биде тешко и екипата на Нексе сигурно ќе дојде со желба за да се рехабилитира за првите два порази. Сигурен сум дека ќе биде добро за нас. Сите играчи ќе добијат шанса. Кога имаш натпревари секој трет ден мораш да ги ротираш сите играчи за да можеш да ги имаш сите на високо ниво” – вели Дибиров.

Во претходните два натпревара од групата А, Вардар има половичен биланс, победа против Пекинг и пораз од Мотор Запорожје. Во натпреварот, „црвено-црните“ влегуваат по победата на Порто во Лигата на шампионите.

 

 

Се вчитува...