Навивачите на Рода го исфрлија газдата од стадионот (ВИДЕО)

Невообичаен инцидент се случи на последниот натпревар на Рода во Холандија кога бесните навивачи на клубот буквално го исфрлија сопственикот, Мексиканецот Маурисио Гарсија де ла Вега од стадионот. Причината се проблемите со финасии. Ике Угбо, кој во Рода е на позајмица во Челси добива месечна плата од 38 000 фунти неделно што наводно е десетина пати повеќе од платите на соиграчите.

Тој месецов не ја добил платата, а парите им биле поделени на останатите фудбалери. Ваквата одлука ја донел тренерскиот тим кој сметал дека е подобро да има еден отколку цела група незадоволни играчи. Сепак бесот на навивачите е насочен само кон де ла Вега.

Сопственикот бил предупреден од полицијата дека постои опасност за неговата безбедност, но тој сепак се појавил на стадионот, по што навивачите од ложата го избркале надвор од стадионот. Обезбедувањето воопшто не интервенирало.

 

Се вчитува...