Параолимписката шампионка од Игрите во Лондон во 2012 година, Белгијката Мариеке Вервоор, го заврши животот на 40-годишна возраст со еутанaзија. Освојувачката на злато и сребро од Игрите во Лондон како и на уште две медали од Игрите во Рио во 2016 година имаше неизлечива дегенеративна мускулна болест.
Еутанaзијата е легална во Белгија и Верворт во 2008 година ги потпиша документите со кои им дозволува на докторите, во одреден момент да и го прекинат животот.
Поради тешката болест таа постојано живееше во големи болки, состојбата и предизвикуваше напади и парализа на нозете и речиси воопшто не можеше да спие. Во краткото соопштение во кое беше објавена смртта на Верворт се вели „одговоривме на нејзиниот избор“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА