Младост од Прилеп е есенски шампион во пинг-понг

Со натпреварите од шестото и седмото коло од двете најсилни лиги, Суперлигата и Првата лига во Прилеп изминатиов викенд заврши есенскиот дел од државниот шампионат во пинг-понг.

Неприкосновен лидер на табелата е Младост од Прилеп кој со максимален учинок, шест победи од шест натпревари ќе презими на првото место на суперлигашката табела. Во екипата на Младост, Дејан Оцоколиќ и Ѓоко Јочкоски се непоразени, a единствените два порази во екипата на Младост одат на контото на Александар Штаргоски.

Најпријатното изненадување во првиот дел од сезоната е младиот играч на Шампион Фа од Штип, Дамјан Стојчев кој има само еден пораз во лигата, додека неговата екипа заврши на второто место зад Младост.

Најнепријатно изненадување е екипата на Вардар, актуелен државен шампион на Македонија, која е убедливо на последното место.

Во Првата лига супериорни беа играчите на екипата на Телеком НЕЦ 2 кои со максимален учинок ја оправдаа улогата на фаворит и се најсериозен кандидат за освојување на првото место и пласман во Супер лигата.

Се вчитува...