Радуловиќ – нов центар на МЗТ Скопје

МЗТ Скопје доведе уште едно странско засилување откако денеска беше и официјално потпишан договорот со 27-годишниот центар Бојан Радуловиќ. Станува збор за 211 сантиметри висок кошаркар кој покрај српскиот поседува и словенечки пасош, а во МЗТ доаѓа од таборот на Тајфун од Шентјур.

Радуловиќ во просек бележеше по 9,4 поени и 6,9 скокови на стартот од сезонава, а со неговиот ангажман дополнително ќе се засили центарската позиција каде тренерот Кочов досега на располагање го имаше единствено Крстевски.

Бојан Радуловиќ во кариерата има настапувано во АБА-лигата, минувајќи две сезони во дресот на Олимпија. Радуловиќ кариерата ја почнал во тимот на Спартак од родната Суботица, по што има играно за Електра Шоштањ, Олимпија во два наврати по три сезони, Хелиос, Шкофја Лока и Копер Приморска.

Својот прв меч во македонското првенство Радуловиќ ќе го игра токму на вечното дерби со Работнички што ќе биде на програмата следниот викенд.

Се вчитува...