Кошаркарската репрезентација на Србија преку Италија ќе бара пласман на Летните олимписки игри во Токио 2020 година, одлучи денешната жрепка. Покрај Италија, во квалификациите кои ќе се играат во Белград се наоѓаат и секогаш незгодните Нов Зеланд и Порторико како и Сенегал и Домениканска Република.
Словенија која се очекува да биде предводена од Лука Дончиќ ќе игра во квалификациската група во Каунас, во која домаќин ќе биде Литванија. Турнирот во Сплит ќе биде најквалитетен бидејќи покрај домаќинот Хрватска, тука ќе бидат и Германија, Бразил и Русија. За последното место на ЛОИ во групата во Канада, покрај домашната репрезентација ќе се борат и Грција, Чешка и Турција.
Репрезентациите се поделени по шест репрезентации во четири квалификациски турнири, а само победникот ќе обезбеди виза за Летните олимписки игри во Токио.
All 4 FIBA Olympic Qualifying Tournaments 2020 are set ☑
Pick your 4 #FIBAOQT winners who you think will qualify to #Tokyo2020 ? pic.twitter.com/lP2VA2gPqo
— FIBA (@FIBA) November 27, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

