Лејкерс му покажаа на Денвер кој го контролира Западот, драмата за Тексас за Сан Антонио (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја добија дерби пресметката на Западната конференција, а изненадувачки, шоуто на вечерта го украдоа Хјустон и Сан Антонио во дербито на Тексас. Славеа „спарс“ со 135-133 дури по две продолженија.

Иако изгледаше дека дуелот ќе биде еднонасочен со оглед дека Хјустон имаше плус 22 на полувремето, а водеше со 16 позитива на стартот на завршната четвртина, Сан Антонио во последните 12 минути направи неверојатен пресврт. Херој на овој период беше Лони Вокер кој обично постигнува 2,5 поени по натпревар. Сега уфлри осум во периодот на пресвртот.

Брин Форбс промаши за победи во регуларниот дел, Демар Дерозен за триумф во првото продолжение, а од трета „спарс“ доджјдоа до победа. Клучните слободни фрлања ги погоди Дерозен, а Хјустон го имаше последниот напад, но Џејмс Харден направи фаул во напад. Харден постигна рекорд на регуларниот дел до сезоната со 24 погодени слободни фралња, без промашување. Вкупно постигна 50 поени. Расел Вeстбрук имаше трипл-дабл од 19 поени и по 10 асистенции и скокови. Вокер постигна вкупно 28 поени, Форбс 25, а Дерозен 23 поени.

Лос Анџелес Лејкерс го потврдија статусот најдобар тим на Западната конференција добивајќи ја пресметката со Денвер со 96-105. „Лејкерс“ експресно се вратија на победите по поразот од Далас, имаат ефект 18-3 на лидерската позиција на Запад. Леброн Џејмс и Ентони Дејвис постигнаа п 25 поени во тирумфот. Џамал Мареј ја заврши средбата со 22 поени за Денвер. „Нагетс“ ја загубија втората позиција, сега имаат биланс 13/5 и пред нив се Лос Анџелес Клиперс. Тимот на Каваи Ленард славеше во пресметката со Портланд со 117-97.

Со 33 поени за три четвртини, Лука Дончиќ го предводеше Далас до победата од 97-118 над Њу Ореланс, шампионото Торнто по прдолженија загуби од Мајами со 110-121, а гостински победи забележаа и Детроит и Орландо . Пистонс го победија Кливленд со 94-127, а Орландо славеше над Вашингтон со 120-127.

 

 

 

 

Се вчитува...