Ѓоковиќ ја откри тајната како секогаш успева да се спаси од пораз (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП 500 турнирот во Дубаи, откако во полуфиналето го совлада Французинот Гаел Монфис. Самата победа на Србинот не е вест, туку ситуацијата во која повторно успеа да се спаси од бездната спасувајќи три меч топки во тај-брејкот во третиот сет. Тој по натпреварот ја откри формулата за тоа како е секогаш присебен во најважните поени во мечот. Фокусот, дишењето и секогаш добриот ритерн се главната формула на Србинот во неговите пресврти.

Се вчитува...