Суспензијата на тениската сезона продолжена до 7. јуни, Вимблдон уште не е загрозен

Суспензијата на тениската сезозна е продолжена до 7. јуни и целата турнеја на земја е откажана информираат АТП и ВТА. Претходно имаше суспензија до 27 април, а потоа и до 2. мај. Продолжената суспензија ги опфаќа Мастерсите во Мадрид и во Рим, како и турнирите во Минхен, Есторил, Женава и во Лион. На списокот откажани турнири на ВТА се и Стразбур и Рабат. Во вторникот беше соопштено дека за септември се одложува Ролан Гарос.

„Предизвиците што ги создава CIVID19 пандемијата во светот на тенисот бараат многу поголема соработка на сите во овој спорт со цел тенисот да може да оди напред во најдобар интерес на играчите, турнирите  и на навивачите. Сите одлуки на кои влијание има коронавирус пандемијата се носат во меѓусебни тесни консултации на клучните фактори во тенисот, АТП, ВТА, ИТФ, Ол Ингланд Тенис клуб, Тенис Австралија и Американската тениска асоцијација“ – стои во соопштението од двете организации.

Турнирите кои се закажани од 8. јуни ќе се одржуваат редовно почнувајќи од Нотингам, па Квинс и потоа Истбурн. Вимблдон е закажан од 29. јуни до 12. јули. Поместување на овој термин засега нема. Вимблдон никогаш не бил откажан во мирнодопски услови.

Се вчитува...