Шведската влада го помага спортот со 50 милиони евра, а и децата се уште одат на училиште

Коронавирусот го парализира спортот во Европа и во светот, а државите се обидуваат во рамките на можностите финансиски да помогнат клубовите и федерациите да можат да го преживеат тешкиот период. Шведска одлучи да инјектира 50 милиони евра во спортот, како поддршка за плати за спортистите. Стратот на фудбалската сезона е одложен, а предвреме завршија сезоните во кошарка, ракомет и хокеј на мраз. Интересно е дека единствено се уште функционираат натпреварувањата во коњичките спортови, а Шведска е можеби и единствената држава во Европа каде децата се уште одат на училиште.

„Препораките на Шведскиот спортски сојуз се на децата и на младите да им биде овозможено максимално движење. Не гледаме опасност од ширење на вирусот на натпреварувањата во коњички спортови, како во другите спротови со повеќе контакти. Единствена држава сме која и училиштата се уште ги држи отворени“, вели претседателот на федерацијата за коњички спортови на Шведска, Улф Бромстер.

 

Се вчитува...