Кошаркарот на Јута Џез, Руди Гобер, откри дека останал без две сетила, за мирис и за вкус, како последица на симптомите од коронавирусот. Тој е првиот играч во НБА лигата кој се зарази со Covid-19.
„Дозволете ми да ви кажам каква е мојата моментна состојба. Симптомите на коронавирусот се губење на чувствата за мирис и за вкус. Во последните четири дена, не можев да помирисам ништо“, напиша Гобер на Твитер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА