Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер донираше милион швајцарски франци во борбата против коронавирусот. Тој истакна дека ова е само почеток и повика сите заедно да ја пребродиме кризата која го нападна светот.
„Ова е исклучително предизвикувачки период за сите нас и никој не смее да остане незгрижен. Мирка и јас одлучивме да донираме еден милион швајцарски франци за најзагрозените семејства во Швајцарија. Овој наш придонес е само старт. Се надеваме дека и другите ќе ни се приклучат и ќе ги поддржат сите семејства на кои тоа им е потребно. Заедно можеме да ја надминеме оваа криза! Останете здрави!“, истакна Федерер на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА