Тренерот на првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, Марјан Вајда во интервју за словачките медиуми говореше како почнала соработката меѓу него и Србинот. Се почнало кога една агенција го прашала дали сака да го види Новак на дело на Ролан Гарос во 2006 година.
„Да бидам искрен не знаев многу за него тогаш. Беше 63 тенисер на светот. Во Париз отидов само поради ќерка ми Наталија на која сакав за првпат да и го покажам градот, тогаш имаше 11 години. Во тој момент не ми се работеше со никого, бидејќи ми беше доволно од патувања. Но, нешто ме предомисли. Го следев тоа младо момче кое стигна до четвртфинале таа година, а веќе на следниот турнир отидов како негов тренер“, изјави Вајда.
Новак Ѓоковиќ заедно со Вајда досега освои 17 грен-слем трофеи, а доколку остане во формата во која е во моментов, има шанси да ги урне сите рекорди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

