Кошаркарот на Барселона, Анте Томиќ, побара од јавноста да не ги карактеризира спортистите како херои поради нивните одлуки да издвојат дел од платите за борба против коронавирусот.
„Тешката ситуација ширум светот со коронавирусот е поголема од секој од нас, од Барселона како клуб, од кошарката како спорт… За нас кои имаме среќа да заработуваме многу пари, не е херојство да се оддели дел од таа заработувачка. Да не зараборавиме дека има и луѓе што заработуваат многу помалку, а се соочуваат со истата криза“, порача Томиќ.
Воедно, хрватскиот центар ја разјасни и ситуацијата околу преговорите меѓу кошаркарите на Барселона и управата на каталонскиот гигант за намалување на платите во висина од 70%.
„Сакам некои работи да станат појасно, затоа што преку медиумите прочитав многу невистини. Јас како капитен затоа со вториот капитен, Пјер Ориола, седнавме на маса со претставниците на клубот. Ние како капитени двајцата го прифативме предлогот на Барселона за намалување на платите, потоа истиот го пренесовме до останатите кошаркари, кои требаше индивидуално да одговорат и да ја известат управата“, открива Анте Томиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

