Поранешниот УФЦ шампион, Конор Мекгрегор бара ирската армија да и помогне на полицијата во спроведувањто со јавноста во борбата против коронавирусот. Тој бара и аеродромите ов Ирска да бидат затворени веднаш. Ирска дури во петокот побара од нејзините граѓани да остана две недели дома со исклучок на оние кои имаат работни обврски.
„Ја повикувам Владата да ја активира војската. Војската беше споменувана како можност да им помогне на 15-те илјади полицајци, ако е потребно. Епа, потребно е“ – вели Мекгрегор.
My address ☘️ . The countdown is on! https://t.co/BJIwcJqRte
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) March 28, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА