Легендарниот турски тренер, поранешен селектор, а сега предводник на Галатасарај, Фатих Терим ја доби битката со коронавирусот и ја напушта болницата во која беше на лекување и во следниот период ќе биде во домашна самоизолација. Веста тој ја сподели на социјалните мрежи испраќајќи порака до турската јавност за одговорност и почитување на медицинските кадри кои се борат со коронавирусот.
„Научив многу од овој тест, ќе знам повеќе да ценам, повеќе да простувам, ќе се трудам да бидам помалку тажен. Ќе се трудам да поминувам повеќе време со семејството и со моите блиски. Многу сум благодарен на моите лекари и на медицинскиот персонал кои се грижеа за мене. Ја напуштам болницата и продолжувам во домашна самоизолација. Мојата порака до сите е да бидеме одговорни, да ги почитуваме правилата и да им олесниме на оние кои се борат за нас, лекарите и сите што работат во болниците“ – напиша Терим во порака на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА