Швијонтек: Не го споредувајте мојот случај со Синер и со Халеп

Ига Швијонтек е последното име во врвниот светски тенис кое заработи провизорна суспензија поради позитивен допинг-тест. До неодамна важеше за најдобра светска тенисерка, но Швијонтек резултатски почна да паѓа во последните месеци, за неодамна да одекне веста за нејзиниот позитивен тест.

Истрагата се уште е во тек, но Швијонтек во првата изјава на темата по откривањето на веста обелдоени дека истрагата е во тек, но и побара нејзиниот случај да не се споредува со оние на Симона Халеп и на Јаник Синер.

„Свесна сум дека поради мојата ситуација, следат автоматски споредби со претходните случаи на позитивен тест во врвниот тенис. Сепак, тие случаи се сосема различни, процесот на докажување невиност е сосема различен, затоа е најдобро да не се прават споредби со Синер и со Халеп. Агенцијата за Интегритет на Тенис ќе треба да донесе одлука, мојата судбина е во нивни раце“, изјави Швијонтек.

Се вчитува...