Сите спортски институции во Кина добија забрана за организација на настани кои ќе привлечат голем број луѓе. Поради опасноста од коронавирусот, Националното тело за спорт издаде наредба сите планирани настани да бидат запрени со цел да се спречи втор бран на епидемијата.

„За да ја исполниме нашата обврска и да спречиме вирусот да биде увезен преку границите и за да спречиме повторно појавување на домашна инфекција мора да го запреме непотребното групирање на луѓе и затоа големите спортски настани повторно се запрени“ – стои во соопштението од Националното биро за спорт.

По појавувањето на коронавирусот во Вухан кој беше централно жариште на пандемијата во јануари, спортските настани беа комплетно забранети во цела Кина. Со оглед дека во Вухан кризата заврши и почнаа да се релаксираат мерките и забраните дури требаше да почнат и спортските настани, но државата сега се соочува со увезени случани на Covid-19 и затоа спречува масовни собирања и големи настани.