Руската убавица Марија Шарапова ја заврши тениската кариера, но и понатаму е една од најпосакуваните жени во светот на спортот. Пандемијата на коронавирусот ја затекна во Соединетите Американски Држави каде е во карантин, но се обидува да одржи социјален контакт со луѓето.
„Пратете ми порака, на сите ќе ви одговорам“, истакна Шарапова и го објави телефонскиот број на кој ќе може фановите да комуницираат со неа во периодот додека трае изолацијата. „Многу е важно во ова време да останеме во социјален контакт“, дополни руската тениска убавица.
Минатата седмица таа комуницирала преку видео-врска со 150 свои фанови одеднаш и горда е на тоа.
Not only did I just get a 310 number( hello cool cats?)but I’m sharing it with you—Text me! 310-564-7981. For real. Tell me how you’re doing, ask me questions, or just say hello ?? Any great recipes welcome too ?#community pic.twitter.com/JNCuGzJXRS
— Maria Sharapova (@MariaSharapova) April 3, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

