Спортскиот директор на Фенербахче, Ченк Ренда, беше еден од шестмината членови на турскиот кошаркарски гигант кои беа заразени од коронавирус. Ренда успеа да ја победи болеста, но по излегувањето од болница говореше за искуството, опишувајќи го како „полошо од смртта“.
„Бев сам, изолиран во болница и сето тоа многу лошо го поднесов. Овој вирус не е како останатите болести, полош е од смртта. Цело време си сам, никој не ти доаѓа на посета, не можеш да ги видиш своите сакани. Низ главата ми минуваа сопругата, децата, се плашев дека нема да ги видам повеќе. Плачев од утро до вечер, никој не може да ме разбере“, истакна Ренда.
Воедно, тој им се заблагодари на сите во клубот за поддршката, додавајќи дека моментот кога по 21 ден си го видел семејството бил најсреќен во неговиот живот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА