Деонтеј Вајлдер сеназационално објави дека ќе се пензионира ако го загуби последниот дуел од трилогијата со Тајсон Фјури. Американецот го претрпе првиот професионален пораз откако тренерот Марк Бриланд фрли крпа во тек на седмата рунда од римечот со Фјури во февруари годинава. Вајлдер се согласи на трета борба. Тој по пет гдини го загуби ВБЦ појасот во тешка категорија во мечот во Лас Вегас.
Третата борба беше предвидена за 25. јуни, но ќе биде одложена поради пандемијата на коронавирусот, но Вајлдер е сигурен дека пресметката ќе се случи во текот на оваа година. Тој најавува и промени во кругот на најблиските соработници.
„ Ова е последната можност. Разгледува се што се случи, се што ми се случи мене. Ја косам тревата и се ослободувам од змиите. Може да имате одлични луѓе околу себе, но љубомората на некои личности не можете да ја контролирате“ – изјави Вајлдер.
Тој вели дека ќе промени најмалку двајца во таборот и оти во третата борба против Фјури луѓето ќе го видат неговото вистинско лице. Американецот заработи повреда на бицепсот во поразот од Фјури и мораше да оди на операција, но вели оти опоравувањето оди одлично.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА