Шалке еуфорично го прослави враќањето назад во првата Бундес-лигата, во текот на изминатата седмица можеа да се проследат фотографии и видеа од фештата што фудбалерите на германскиот клуб ја направија на Ибица, па логично беше тоа да остави трага врз нивниот настап на првиот нареден натпревар.
Тој натпревар беше одигран синоќа во Нирнберг, каде Шалке очекувано беше далеку од посакуваниот ритам и загуби со убедливи 3-0.
Пред камерите по натпреварот застана Един Џеко, кој ги призна причините за слабата игра и поразот.
„Секако дека нозете ни беа тешки, во крвта можеби и ни остана уште малку алкохол. Тоа е сосема нормално, но факт е дека моравме да одиграме подобро од она што го покажавме. Воопшто не жалиме што славевме толку, станавме шампиони, требаше да го прославиме тоа и го направивме на најдобар можен начин. Многу сме среќни поради големиот успех, но кога ќе излезете на терен не смеете да дадете ништо помалку од својот максимум“, истакна Џеко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
