Легендарниот Шекил О’Нил во интервју за ЕСПН изјави дека тимот на Лос Анџелес Лејкерс кој во периодот од 2000 до 2002 година освои три НБА прстени по ред без никаков проблем може да го добие тимот на Чикаго Булс кој беше предводен од Мајкл Џордан.
„Во серија меѓу Лејкерс на мене и Коби и Чикаго на Џордан фактор би биле моите слободни фрлања. Доколку можев да ги доведам на пристоен процент ние без никако проблем можеме да го победиме Чикаго. Доколку не успеам би загубиле, едноставно е“, изјави О’Нил.
Тоа што е заеднички за Чикаго во ’90 и Лос Анџелес во нултите години на овој веке е тоа што и двата неверојатни тима беа предводени од Фил Џексон кој како тренер успеа неверојатни 11 пати да се радува на шампионскиот прстен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА