Изминатиов период кошаркарскиот свет погледите ги насочи кон документарецот „Последниот танц“, посветен на Мајкл Џордан и златната генерација на Чикаго булс. Документарен филм кој предизвика многу реакции во спортската јавност.
Американските медиуми за документарецот побараа мислење и од Реџи Милер, еден од најголемите ривали на Џордан, за кого е добро познато дека е во лоши односи со поранешната ѕвезда на Чикаго.
„Ме прашувате што би се случило ако го сретнам Џордан? Веројатно би го удрил“ – истакна Милер на прашањето за евентуално средба со Мајкл Џордан.
Ривалитетот на Индијана, во чии редови играше Реџи Милер, со Чикаго булс е еден од најголемите во историјата на НБА лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА