Андреа Тринкиери нема намера да си замине од Партизан и наскоро ќе потпише и нов договор со „црно-белите“, објави претседателот на српскиот гигант, Остојан Мијаиловиќ демантирајќи ги гласините дека италијанскиот стратег летово ќе го напушти клубот. Панатинаикос ја предводи листата на врвни клубови што сакаат да го доведат одличниот стратег на својата клупа, но Тринкиери својата иднина ја гледа во Партизан.
„Има многу лажни вести и спинови, читав дека Тринкиери летово ќе си замине, а вистината е дека тој има уште една година договор со нас. И не само тоа, наша заедничка желба е соработката да продолжи и веруваме дека тој ќе остане на клупата и ќе потпише нов договор. Се уште не е официјално, но наскоро ќе биде објавено на нашата веб-страница. Исто така, веќе заеднички размислуваме за реконтрукција на тимот за следната сезона, за оние од кои сме задоволни и кои ќе ги задржиме и оние кои сакаме да ги доведеме. Заедно со Тринкиери ќе сториме се за Партизан да биде уште посилен“, истакна Мијаиловиќ,
Плановите за следната сезона во голема мера ќе зависат од тоа дали „црно-белите“ ќе играат во Евролигата. Партизан под водство на Тринкиери имаше најдобар скор во Еврокупот, беше и лидер во АБА-лигата, но доколку сезоните во двете натпреварувања бидат поништени постои сериозна опасност за „црно-белите“ изгледот на Евролигата во следната сезона да биде идентичен како и годинава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА